Melih Palas
01 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
КОЏАЕЛИ (АА) – Градоначалникот општина Карамурсел во турската област Коџаели, Исмаил Јилдирим скокна во вода за да спаси нуркачка која се давеше во морето. Настанот се случи на комеморацијата по повод 59-годишнината од „Катастрофата на бродот Ускудар на 1. март“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на програмата за комеморација на загинатите во „Катастрофата на бродот Ускудар“, која е најголемиот поморски инцидент во историјата на Турција, Здружението за подводни спортови од Карамурсел организираше нуркање во спомен на загинатите. Во еден момент, Шенај Ерторун, членка на здружението, која се наоѓала на оддалеченост од десетина метри од крајбрежјето, одеднаш почнала да бара помош.
Во истиот момент, градоначалникот на општина Карамурсел, Исмаил Јилдирим, ги соблекол обувките и палтото, и скокнал во морето за да ѝ помогне на нуркачката.
Градоначалникот соопшти дека здравствената состојба на нуркачката е добра.
Учесниците на комеморацијата му аплаудираа на градоначалникот за неговиот акт.
На 1. март 1959 година, околу 400 патници, од кои повеќето биле ученици од средното училиште во Измит и од Школата за уметности во Измит, го загубија животот кога поради бура потона „Бродот на Ускудар“.