Muhammed Boztepe
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
АНКАРА
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека Турција депортира странски терористички борец со потекло од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Министерството се истакнува дека продолжува депортацијата на странските терористички борци во нивните земји.
„Во овие рамки депортиран е еден странски терористички борец со потекло од Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението.