Cankut Taşdan,İlhan Toprak
04 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Екипите на Крајбрежната стража на Турција во рок од седум дена фатија 422 мигранти во Медитеранот и Егејското море, јавува Anadolu Agency (AA).
Од министерството за внатрешни работи наведоа дека продолжуваат со активностите со цел спречување на илегален премин од Турција во Грција.
Во склоп на тие активности од 27 јануари до 3 февруари фатени се 422 мигранти. Исто така од морето спасија и 24 лица. Поради наводно криумчарење луѓе фатени се шест лица.
Во активностите на илегални премини меѓу останотот учествуваат и еден брод за барање и спасување како и 70 чамци на Крајбрежната стража.