Muhammet Emin Avundukluoğlu
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека започната е нова антитерористичка операција во источната турска област Битлис, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сојлу пред Парламентарната комисија за планирање и буџет рече дека операцијата „Ерен зима-7, поручник Баки Кочак“ вклучува 680 војници и 38 оперативни тимови од Генералната команда на жандармеријата, специјалните операции на жандармеријата, полицијата и ренџерите.
Оваа година Турција ја покрена операцијата „Ерен“, именувана по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од терористичката организација на 11 август 2017 година.
„Последната акција е насочена кон елиминирање на терористите на ПКК засолнети во регионот“, додаде министерот.
„Во изминатите пет години, вкупно 2.072 терористи се предале“, рече Сојлу.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК се одговорни за смртта на најмалку 40.000 луѓе.