Mehmet Tosun
13 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Република Турција Бекир Боздаг, рече дека тероризмот нема вера, националност, и дека секаде каде што се случува претставува злосторство за човештвото, јавува Anadolu Agency (АА).
Министерот за правда на Република Турција Бекир Боздаг беше гостин на редовниот уреднички деск на АА во Анкара, и во таа пригода го коментираше вчерашниот терористички напад во Истанбул и проблемот на глобалниот тероризам.
"По повод најновите терористички напади уште еднаш сакам да потенцирам дека кога станува збор за тероризам, турските граѓани и меѓународната заедница мора да покажат солидарност. Затоа што само со солидарност е можно да се избориме против тероризмот и е единствен начин на кој е можно да се направи напредок во доведување на тероризмот до точка на уништување ", рече Боздаг.
Според него, тероризмот не е проблем само на една група луѓе, туку заеднички проблем на сите жители на Земјата. Тој додаде дека за борбата против тероризмот е потребен заеднички став во политичка смисла.
Во Вчерашниот бомбашки напад во Истанбул, загинаа десет, а беа повредени 15 луѓе. Нападот, како што истакна турската полиција, го извршил бомбаш-самоубиец, по потекло од Сирија, член на терористичка организација ДАЕШ.
Меѓу десетте лица кои загинаа во нападот најголем дел се државјани на Германија.