Zuhal Demirci
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
АНКАРА
Министерството за надворешни работи на Турција објави дека на турско-руските средби е истакнато уверувањето дека нема воено решение за кризата во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го издаде турското МНР се истакнува дека Турција и Русија одлучиле да ги продолжат заедничките напори со цел создавање на траен и одржлив прекин на огнот во Либија.