Hikmet Faruk Başer
03 Март 2022•Ажурирај: 04 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – ХИКМЕТ ФАРУК БАШЕР –
Истанбул, најголемиот град во Република Турција, во јануари годинава го посетиле 791.578 странски туристи, што е за 136 отсто повеќе од истиот период лани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на Дирекцијата за култура и туризам во Истанбул покажуваат дека градот на Босфорот во јануари годинава го посетиле 791.578 странски туристи, а истиот период лани, 334.825.
Во јануари во Истанбул пристигнале 788.726 туристи по воздушен пат, а 2.852 по морски пат. Бројот на посетители кои допатувале по воздушен пат е зголемен за 137 отсто, а по морски пат за 20 отсто.
Во јануари на Аеродромот „Ататурк“ пристигнале 1.001 лице, на Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, 266.577 и на Аеродромот „Истанбул“, 521.148.
Аеродромот „Истанбул“ го користеле 66,07 отсто странски посетители, а Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, 33,8 отсто.
Најмногу странци во Истанбул допатувале од Русија (86.977).
Следуваат Иран (67.955), Германија (59.731), Франција (27.036), Велика Британија (26.072), Холандија (23.978), Украина (23.855), САД (23.645), Кувајт (22.393), Узбекистан (22.039), Ирак ( 16.791) и Израел (15.995).