Sena Güler
17 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
МУГЛА (АА) - Турската Крајбрежна стража спаси 16 нелегални мигранти, вклучувајќи шест деца, и ги извлече телата на двајца загинати недалеку од брегот на Бодрум, јавува Anadolu Agency (AA).
Од командата на Крајбрежната стража е соопштено дека два спасувачки тима интервенирале откако потонал чамец со мигранти, а случајни минувачи пријавиле дека ги чуле нивните гласови.
Спасувачите пристигнале на местото на потонувањето и ги извлекле телата на две женски лица.
Спасени се 16 лица.
Станува збор за 15 државјани на Ирак и еден на Сирија, кои илегално се обиделе да преминат во соседна Грција.
Спасувачкиот тим трага по уште еден исчезнат мигрант.