Betül Abbak
23 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
НИГДЕ (АА) - Заинтересираност за изложените фотографии под називот „Изложба на меѓународна уметничка група“ низ улиците на селата во околината на турскиот град Нигде, јавува Anadolu Agency (AA).
Во организација на уметникот Сафа Буте во селото Јешилбурч, во близина на Нигде, во централна Анадолија, се одржа изложба организирана во соработка со уметничките центри „Арт Нигде Интернационал“ и „Наратив Мувментс - Индија“. На изложбата прикажани се дела на 42 уметници од 17 земји од светот.
Поставките од слики и слободни дела којшто беа закачени во историските бањи, на дрвата, вратите, куќите и пред шталите им беа презентирани на гостите и на жителите на селата.
Уметникот Сафа Буте во изјава за АА рече дека луѓето којшто живеат во големите градови имаат можност да ги посетат изложбите, но луѓето којшто живеат во руралните средини се лишени од тоа право.
Буте додаде: „Пред неколку години во Индија се одржа една изложба, каде што беа закачени слики во ѕид од тули. Тоа беше прекрасен настан. Истовремено, јас сум претставник на Уметничкиот центар „Наратив Мувментс - Индија“ во Турција. Сакав тамошната улична изложба да ја реализирам и во Турција. Во тоа успеав заедно со „Наратив Мувментс - Индија“ и со Уметничкиот ценатр „Арт Нигде Интернационал“, којшто го основав јас. Ја остваривме целта. На изложбата се присутни 42 дела на автори од 17 земји. Тие се современи уметници, уметници на денешницата од различни земји, почнувајќи од Кореја, Молдавија, Грција и Русија. Од Турција имаме дела од 10 уметници“.
Буте додаде дека делата ќе бидат изложени и во другите села во околината на градот Нигде.
Истакнувајќи дека за првпат присуствува на една изложба, 70-годишната Ирфаније Бозкир, жителка на селтото рече: „Многу ми е мило, и многу сум возбудена. Не можам да најдам зборови. Задоволни сме. Секогаш нека доаѓаат вакви луѓе“.
И 52-годишната Ханифе Орал кажа дека е многу среќна поради отворањето на изложбата и додаде дека посакуваат секогаш да се организираат вакви настани.
„Во зима никој не доаѓа тука, не поминува ниту мравка, само ние сме тука“, рече таа.