Hatice Şenses Kurukız
23 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул се сретна со емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал-Тани, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател Ердоган го прими шеикот Ал-Тани во истанбулската палата Хубер, а состанокот се одржа зад затворени врати.
Катарскиот емир утринава допатува во официјална посета на Истанбул, а на аеродромот „ Ататурк“ го пречека делегација на турски и катарски официјални лица.