Orhan Onur Gemici
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - На границата кон Сирија, Иран и Грција фатени 1.045 илегални имигранти во обид за илегален премин, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на армијата даде соопштение во врска со дневните активности во земјата и на граничните линии.
Во ова соопштение се наведува дека од страна на граничните единици во рамките на Командата на копнените сили се фатени 992 лица кои по илегален пат се обиделе да преминат од Сирија во Турција.
Безбеднисните сили на границата со Ирак фатиле лице косе се обидело да транспортира гориво.
Во обид од Иран по илегални патишта дда преминат во Турција фатени се петмина илегални имигранти. Покрај овие лица лица се пронајдени 5.000 кутии цигари, оружје и 5 шаржера.
Вкупно 48 илегални имигранти се фатени во обид на илегален начин да преминат од Грција во Турција и од Турција во Грција.
Во подрачјето на Мазидаги во областа Мардин, безбедносните сили вршеле пребарување на теренот, при што во откриените 3 скривалишта, пронајдени се 3 рачни бомби, еден пиштол, 350 куршуми од различен калибар и големи количества средства за живот.
Во Хаккари, во едно засониште е откриено пешадиско оружје калашников.