Sinan Uslu
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Генералштабот на турската армија во врска со „настаните на границата во 2016 година”, на пограничните единици на турските вооружени сили (ТВС), информираше за преземените нови активности во насока на зголемување на безбедноста на границата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека во рамките на „Проект на систем за физичка заштита на границата”, продолжуваат работите околу изградбата на ѕид од бетонски модули.
Досега е изработен ѕид во должина од 330 километри, 191 километар од границата е засилена со бодликава жица, 445 километри од гланицата се осветлени, изработени се патишта во должина од 259 километри, а извршена е санација на 1.182 километри пат кој се користи при патроли.
Благодарение на превентивните мерки преземени на копнените граници, на турско-сириската граница оневозможени се 46.000 илегални преминувања. Притоа фатени се 424.641 лица државјани на 74 земји. Од нив 390.336 се државјани на Сирија.
- Криумчарењето е намалено а 5 пати
Криумчарењето во 2016 година во однос на претходната година е намалено за 5пати и од 4.262 криумчарења во 2015, оваа година тоа изнесува 829.
- За 7 пати е намален бројот на „странски терористички борци”
Операцијата „Штитот на Еуфрат" им стави крај на активностите и постоењето на терористичката организација ДЕАШ во подрачјето на границата со Сирија. Од почетокот на операцијата на 24 август за 3 пати се намалени настаните кои ги предизвикуваа членовите на ДЕАШ на подрачјата кои беа под нивна контрола на турско-сириската граница.
Бројката на странски терористички борци од 68 земји во 2015 година , кои сакале да и се приклучат на терористичката организација ДЕАШ, притоа користејќи илегални патишта, во 2016 година е намалена 7 пати.
Благодарение на преземените превентивни мерки минатата година и изградбата на систем за физичка заштита на границата, во голема мерка е зголемена е безбедноста на турската граница за разлика од безбедноста на границата во 2015 година.