Fatma Zehra Solmaz
03 Август 2026•Ажурирано: 03 Август 2026
Турција доцна синоќа соопшти дека најновите напади на Израел врз Газа уште еднаш покажале дека Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема никаква намера да постигне мир со Палестинците, јавува Анадолу.
„Единствената цел на Нетанјаху е да ги исели Палестинците од нивната татковина и да го спречи воспоставувањето мир и стабилност во регионот“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи објавено на неговата официјална веб-страница.
Во соопштението се наведува дека Нетанјаху продолжува со чекорите што го поткопуваат и онака кревкиот регионален баланс и ги саботираат напорите за посредување на меѓународната заедница, особено на САД.
„За меѓународната заедница стана императив да заземе порешителен, поконзистентен и поцврст став против експанзионистичкиот и милитаристичкиот пристап на Нетанјаху, чија цел е целиот Блиски Исток да го претвори во зона на конфликт“, се истакнува во соопштението.
Апелирајќи до сите земји што се залагаат за мир и просперитет за Палестина и за поширокиот регион, Министерството ја повика меѓународната заедница да постапи со заедничко чувство на одговорност и да се придржува до меѓународното право и хуманитарните вредности.