Ahmet Gençtürk
15 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Турција денеска неутрализира осум терористи на ПКК во северен Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Двајца терористи беа неутрализирани кога турските хеликоптери „T-129 ATAK“ таргетираа засолниште во регионот на операцијата „Канџа Гром““, соопшти турското Министерство за национална одбрана на Твитер.
„Шест други терористи се таргетирани во заедничка операција од страна на турските сили и Националната разузнавачка организација (MIT) во регионот Гара во Ирак“, рече безбедносен извор, барајќи да остане анонимен поради ограничувања за зборување со медиумите.
Турските власти го користат зборот „неутрализира“ за да наведат дека терористите за кои станува збор се фатени, се предале или се убиени.
Припадниците на терористичката организација ПКК се кријат во северен Ирак, веднаш преку турската граница, каде што планираат изведување на терористички напади на територијата на Турција.
Операциите „Канџа“ се серија офанзиви кои Турција ги спроведува од 2019 година против терористичките групи во северен Ирак, особено против ПКК.
Операциите „Канџа Тигар“ и „Канџа Орел“ беа иницирани во јуни минатата година, додека „Канџа Гром“ и „Канџа Јилдирим“ започнаа овој април во ирачките региони Метина и Авасин Басјан.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.