Zeynep Akyıl
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Стапката на невработеност во Турција, во ноември минатата година, беше намалена за 1,8 отсто во однос на истиот период 2016 година и моментално изнесува 10,3 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Заводот за статистика на Турција (TUIK) објави извештај за работната сила на оваа земја, за ноември минатата година.
Во извештајот се наведува дека бројот на невработени во Турција во ноември е намален за 440.000 во однос на истиот месец, претходната година.
Според него, во ноември минатата година, во Турција имало вкупно 3.275 милиони невработени лица постари од 15 години.
Кога станува збор за стапката на невработеност кај младите на возраст од 15 до 24 години и таа минатата година е намалена на 19,3 отсто, што е за 3,3 отсто помалку во однос на истиот месец, претходната година.
Во извештајот, исто така, се наведува дека во истиот период бројот на вработени лица во Турција бил зголемен за 1,5 милиони и дека стапката на невработеност во оваа земја изнесува 47,3 осто, што е за 1,4 отсто повеќе во однос на истиот перид 2016 година.
Земјоделството вработува 18,6 отсто од вкупниот број вработени во Турција. Во секторот за давање услуги работат 54,6 отсто, индустријата вработува 19,2 отсто, а градежниот сектор 7,6 отсто од вкупниот број на вработени.