Aldijana Hadzic
24 Декември 2021•Ажурирај: 25 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
До почетокот на 2022 година останаа уште само неколку дена, а Истанбул е украсен во согласност со празничната атмосфера, јавува Агенција Анадолија (АА).
Една од најфреквентните улици, „Истиклал“, е украсена со новогодишни украси, а жителите и туристите ја користат можноста за фотографирање и овековечување на „истанбулската бајка“.
Овој град на Босфорот е еден од најпосетените и најнаселени градови на светот. Како колевка на неколку цивилизации привлекува посетители од сите делови на светот.
Истанбул повеќепати беше домаќин на спектакуларни јавни дочеци и огномети, но поради пандемијата на коронавирусот дојде до многу промени, па и самиот дочек на Новата година е поразличен.