Muhammed Ali Toruntay
01 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на состанокот на Кабинетот пристигна со првиот автономен автобус од 4. класа сериско производство во светот, развиен од инженери во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на својот твитер-профил сподели снимка од пробното возење во кое и самиот учествуваше.
„На состанокот на Кабинетот одиме со Атак електрик, првиот автономен автобус од 4. класа, развиен од турски инженери“, наведе Ердоган.
Турскиот претседател во текот на подоцнежното обраќање на претставувањето изрази уверување дека компаниите што го произведоа автономниот електричен автобус ќе создадат еден бренд кога станува збор за сериското производство и дека тоа ќе биде добро за промоција на земјата.