Mehmet Yavaş
03 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик, во турската област Чанаккале, при обид за илегален премин на грчкиот остров Лезбос фатени се 53 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Жандармериските тимови во Којуневи запреа минибус во кој беше извршен претрес.
Притоа откриени се мигранти со потекло од Сирија и од Авганистан, меѓу кои имало и жени и деца.
Приведен е возачот на минибусот.
Странците по потребните процедури се испратени во Центарот за враќање на странци во Ајваџик.