İsmail Alış
12 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ЕДРЕНЕ (AA) - Во возило на граничниот премин Ипсала, во Турција, запленети се околу 15 килограми марихуана, при што е приведен еден македонски државјанин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, тимовите за гранична безбедност извршиле контрола при влез на возило во Турција, управувано од страна на македонски државјанин со иницијали И.Д.
За време на контролата биле пронајдени 14 килограми и 858 грама марихуана во скриен дел во возилото со регистарски таблици SU5328AC, при што возачот на автомобилот бил приведен.