Adam Abu-bashal
20 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
АБУЏА
Девет припадници на терористичката организација Боко Харам се неутрализирани во рамки на операцијата извршена во североисточниот дел на Нигерија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-портпаролот на Министерството за одбрана на Нигерија, Бернард Онјеуко, во изјавата за медиумите истакна дека извршени се операции против терористичката организација Боко Харам во сојузната држава Борно.
Онјеуко информира дека во овие рамки убиени се 9 припадници на оваа организација, додека бројни припадници избегале ранети.
Според него, исто така во рамки на операциите уништени се засолништата на оваа организација, додека запленети се две вооружени возила, како и значајна муниција на организацијата.
Инаку, над 20.000 лица загинаа во масовните насилни настани извршени од 2009 година досега од страна на терористичката организација Боко Харам, која во Нигерија се појави од почетокот на 2000-тите години.
Оваа терористичка организација од 2015 година досега врши напади и во соседните земји, како во Камерун, Чад и Нигер, каде што загинаа најмалку 2.000 лица.
Како резултат на терористичките напади и судирите во земјата, стотици илјади лица се принудени да мигрираат.