Aylin Sırıklı
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за правда на Турција, предметот за барање на екстрадиција на еден од водачите на терористичката организација (ЈПГ/ПКК), Ферхат Абди Шахин, го достави до Министерството за надворешни работи на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за правда, по издадената црвена потерница за еден од водачите на терористичката организација, Ферхат Абди Шахин, познат под кодното име „Мазлум Кобани“, започна процедурата за екстрадиција.
Министерството за правда го подготви барањето за екстрадиција на терористот Шахин.
Предметот за барање екстрадиција е испратен до Министерството за надворешни работи на Турција, за да биде испратен до Соединетите Американски Држави (САД).