Mehmet Şah Yılmaz
23 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција упати порака со сочувство за оние кои ги загубија животите во сообраќајната несреќа на автобус со македонски регистерски таблички, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Министерството се нагласува дека со тага се примени информациите за големиот број на починати и повредени во несреќата на патничкиот автобус со регистарски таблички на Северна Македонија во близина на градот Перник и за пожарот што избувна во домот за стари лица во Варна.
„Нашето сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите како последица на овие трагични настани, исто така сочувство и до владите и граѓаните на Бугарија и Северна Македонија, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, се нагласува во соопштението од турското МНР.
Според веста на телевизијата НОВА, автобус со регистерски таблички од Северна Македонија во селото Боснек, во близина на градот Перник западно од Софија, се запалил откако удрил во бариерата покрај патот.
Во несреќата што се случи на автопатот „Струма“, според првичните сознанија, загинаа 46 државјани на Северна Македонија, од кои 12 деца.
Девет лица загинаа во пожар што избувна во дом за стари лица во селото Ројак, во близина на градот Варна на брегот на Црното Море во источна Бугарија.