Sergen Sezgin
22 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
БУРСА (АА) - Занаетчијата Мехмет Унлу Шакир (60) има намера мозаикот направен од дрвени коцкички на кој е отсликан ликот на естрадниот уметник Таркан, да го подари на популарниот поп-пејач како свадбен подарок, јавува Anadolu Agency (AA).
Унлу со години се занимава со правење на мозаици од дрвени коцки, а досега ги има направено мозаиците на пејачката Мадона и основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Неговиот нов проект е мозаик на популарниот пејач Таркан, кој сака да му го подари како свадбен подарок.
Неговите дела се изложени на фестивалот на уметноста во Бурса. Унлу вели дека во креирањето на мозаиците користи природна боја. Тој претходно сликата на Таркан ја пренел на хартија на која сега реди дрвени коцкички.
„За лицето на луѓето го користам дрвото ,ајус'. Бојата на тоа дрво е блиска со бојата на човечкото лице. Дрвото е нешто што постојано се менува, се менува бојата. Кај ајусот се случуваат помали промени. Секогаш е во иста боја. Другите видови на дрво потемнуваат кога се лепат”, вели Унлу, додавајќи дека користи и други видови на дрво за создавањето на портрет.
Уметникот Унлу рече дека ако работи интензивно, би можел да го заврши портретот за 15 до 20 дена.
„Тој е добар уметник. Сакам да му го подарам ова дело како свадбен подарок. Се надевам дека мојот труд на крајот ќе се исплати и дека ќе дојде до Таркан”, рече Унлу.