Ekip
21 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
АНКАРА
Турција го предупреди Калифа Хафтар, лидерот на нелегитимните сили на истокот од Либија, дека секој напад врз турските интереси во Либија ќе предизвика сериозни последици. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хами Аксој, порача дека силите на пучистот Хафтар, во случај на напад, ќе бидат сметани за легитимни цели, јавува Агенција Анадолија (АА).
Аксој во писмено соопштение одговори на писмото упатено до турското Министерство за надворешни работи во врска со пораките на милициите на Хафтар дека ќе ги нападнат турските цели и интереси.
Аксој изјави дека е многу индикативно тоа што најавата од страна на нелегитимните милиции под команда на Хафтар дека ќе ги нападне турските цели од воздух, доаѓа непосредно по разместувањето на новите борбени авиони на истокот на Либија, кои се странска поддршка.
Тој нагласи дека оваа изјава е израз на загубите што на теренот во последно време ги претрпеле милициите на Хафтар, но и во исто време, јасен показател дека пучистот Хафтар и неговите сојузници имаат намера да предизвикаат нови ескалации на судирите во Либија.
„Доколку во Либија цел на напад бидат турските интереси, предупредуваме дека тоа ќе има свои последици и дека силите на Хафтар ќе ги сметаме за легитимна цел“, порача Аксој.