Mehmet Yavaş
03 Мај 2017•Ажурирај: 04 Мај 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во местото Ајваџик, во областа Чанаккале, фатени се 36 мигранти кои нелегално се обиделе да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, екипи на турската жандармерија добиле дојава за сомнителни лица во местото Бекташ во близина на Ајваџик, по што следеше акција.
Притоа приведени се најмалку 36 лица, меѓу кои и жени и деца, а станува збор за државјани на Сирија и на Авганистан. Мигрантите се префрлени во локалниот Центар за враќање на странци.
Егејското и Средоземното Море се често дел од рутата на мигрантите во потрага по подобар живот. Меѓутоа, нивниот „пат на надежта“ често завршува со смрт.
Во двете несреќи во Средоземното Море, меѓу Либија и Италија, што се случија кон крајот на декември минатата година, настрадаа околу 100 мигранти, со што бројот на загинати во Медитеранот, во 2016 година, изнесува над 5.000. Претходно, претставници на Обединетите нации (ОН) ја прогласија 2016 година за најсмртоносна за мигрантите.