Mümin Altaş
02 Мај 2017•Ажурирај: 03 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Партијата за правда и развој и премиер на Република Турицја, Бинали Јилдирим, изјави дека денешниот ден е историски ден за турската политика и демократија, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим се обрати на церемонијата во седиштето на партијата во Анкара, организирана по повод обновувањето на членството на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во партијата.
„Недостасувањето значи да се биде трпелив, да се следат годините, деновите, часовите. Доколку дојде очекувањето, тогаш чекањето е убаво. Ова е тој момент, нашиот претседател на Републиката, основачот, денес се враќа во своето гнездо, ѝ се враќа на АК Партијата”, истакна Јилдирим во своето обраќање, и во име на членовите му посака добредојде на Ердоган во партијата.
Јилдирим му се заблагодари на народот кој на референдумот одржан во Турција на 16. април гласаше за уставните измени, со што на претседателот Ердоган му се овозможи да се врати во партијата.
Ердоган ја напушти АК Партијата во август 2014 година, откако беше избран за претседател на државата, а народот на Турција, гласајќи на референдумот за уставни измени, му овозможи враќање во партијата.
Усвоените уставни измени во Турција предвидуваат преминување на државата од парламентарен во претседателски систем на управување и овозможување на претседателот на државата да биде активен член на политичка партија, што досега не беше случај.
„Нема ниту еден проблем кој Турција не може да го реши со разговор и со договор. Го ислушавме секој облици на очекувања на нашите работници, а и по ова, користејќи го активниот механизам на советување, заедно ќе изградиме подобра Турција. Воопшто не се сомневам во тоа. Денеска е историски ден за турската политика и демократија”, порача Јилдирим.
Тој нагласи дека членовите на партијата ја чувствуваат среќата како и на 14. август 2001 година, кога е основана партијата.
„Донесовме одлука за свикување на вонреден конгрес на 21. мај. Со нова возбуда, со нова надеж, со нов почеток, ќе го предложиме претседателот на Републиката за кандидат за претседател на партијата”, додаде Јилдирим.
Во своето обраќање во Анкара, тој нагласи дека ќе продолжи одлучната борба против тероризмот.
Изборот на раководните органи на партијата ќе се одржи на третиот вонреден конгрес закажан за 21 мај, на кој се планира за нов претседател на партијата да биде избран претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.