Hanife Erdinç
27 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во Ајваџик, на северозападниот дел на Турција, фатени се 40 мигранти кои имале за цел илегално да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на крајбрежната стража во морскиот појас кај местото Сирвиџе забележале група мигранти кои со гумен чамец впловиле во морето.
Фатените мигранти се со потекло од Сирија, Демократска Република Конго, Камерун, Доминиканската Република, Хаити, Бангладеш, Пакистан и Гамбија.
Мигрантите се донесени на копно и се одведени во локалниот Центар за враќање странци.