İsmail Ersan
24 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - По неколку години работа во музејскиот комплекс за битките на Чанаккале, кој се наоѓа на полуостровот Галиполе, во северозападниот дел на Турција, отворен е изложбен салон, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што истакна шефот на одделот за историјата на борбите на Галиполе при Министерството за култура и туризам на Турција, Мехмет Гуркан, вработените во музејот секојдневно работат на подобрување на колекцијата предмети што биле користени во борбите во Првата светска војна.

Поморската битка која од 3-ти ноември 1914 година до 18-ти март 1915 година беше водена во Галиполе, како и копнената битка која во Галиполе се одвиваше од 25-ти април 1915 до 9-ти јануари 1916 година, се битки коишто го заземаат најзначајното место во Турција, па дури и во историјата на сите муслиманските народи од овој дел на светот.
"Во музејот се изложени воени униформи, книги и други предмети од тој период. Со оваа изложба сакавме да ги привлечеме и едуцираме посетителите. Направивме проекти од изложби на споменици, кукли со облека користена во војните или реплики на оваа облека", рече Гуркан и додаде дека посетителите се воодушевени од изложбата.

Тој истакна дека очекува бројот на посетители по завршувањето на првата фаза од изложбата да биде двојно поголем. Музејскиот комплекс е отворен во 2012 година и до денес е посетен од 656.628 посетители.