Erdoğan Çağatay Zontur
01 Март 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
ВАН (АА) - Најмалку 85 нелегални мигранти се фатени во источната турска област Ван, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни, за медиумите изјавија дека за време на регуларните патроли, жандармериските сили фатија група на 52 Авганистанци, 26 Пакистанци, 6 лица од Бангладеш и едно од Иран.
Сите мигранти потоа се упатени до директоратите за миграција.
Три лица се уапсени под сомнеж дека шверцувале луѓе.
Турција е главна рута за бегалците и мигрантите кои се обидуваат преку нејзината територија да преминат во Европа.
Според турското Министерство за внатрешни работи, над 265.000 илегални мигранти се фатени во Турција минатата година.