Sertaç Bulur
01 Март 2019•Ажурирај: 01 Март 2019
АНКАРА (АА) - Во рамки на истрагата реализирана од страна на Републичкото главно обвинителство во Анкара, главниот град на Турција, против структурата на терористичката организација ФЕТО во Командата на воздухопловните сили на Турција, фатени се 6 од вкупно 9 осомничени за кои постои налог за приведување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, по одлуката за приведување што ја донесе Републичкото главно обвинителство во Анкара, тимовите на Дирекцијата за борба против организиран криминал во Анкара извршиле истовремени операции на одредени адреси.
Во рамки на оваа операција фатени се 6 од вкупно 9 осомничени за кои постои налог за приведување.
Операцијата за фаќање на осомничените кои се во бегство е во тек.