Gözde Bayar
01 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Февруари 2021
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес ќе замине во официјална дводневна посета на Турската Република Северен Кипар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За време на неговата посета, Чавушоглу ќе се состане со официјалните претставници на ТРСК со кои ќе дискутира за прашањата од нашата заедничка агенда, особено за кипарското прашање“, се соопштува од турското Министерство за надворешни работи.
Кипар е поделен на два дела во 1974 година, кога кипарските Грци, извршувајќи државен удар, започнаа бран насилства врз кипарските Турци, што предизвика реакција од Анкара, која оттогаш е гарант на мирот во северниот дел на островот.
Со децении наназад имаше неколку обиди за решавање на кипарскиот спор, кои завршуваа со неуспех. Последниот состанок, одржан во 2017 година во Швајцарија со учество на земјите гаранти - Турција, Грција и Велика Британија - исто така заврши без напредок.
Турската Република Северен Кипар е основана во 1983 година.
Турција неодамна нагласи дека напорите за федерално решение за поделениот остров Кипар се покажале безнадежни и дека идните разговори мора да се фокусираат на две одделни суверени држави на островот.