Özüm Yalkın
25 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
КОЊА (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу порача дека Република Турција никогаш од никого нема да бара дозвола да ги преземат потребните мерки, кога станува збор за заштита на нејзината безбедност и дека тоа се однесува на договорениот прекин на конфликтот во соседна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на турската влада Давутоглу, присуствуваше на церемонијата на потпишување на договорот за берзанската соработка во Истанбул и Коња, а по настанот на прес конференцијата коментираше за актуелните состојби во земјата и во регионот.
"Сепак, сите треба да знаат дека ова е прекин на огнот, кој важи само за Сирија и страните кои се во конфликт во таа земја. Ако било која од овие страни е закана за безбедноста на Турција, тој прекин на конфликтот не не обврзува", рече Давутоглу.
Давутоглу рече дека ниту еден од нив нема да бара дозвола кога станува збор за мерки за заштита на безбедноста на Турција и дека ќе бидат преземени овие мерки доколку постои опасност за Турција и нејзините граници, бидејќи во овој случај ја надминува Сирија и станува директно турско прашање.
"Отворено велам, нека ПКК и ЈПГ не мислат дека Турција не им може ништо, бидејќи имаше прекин на огнот во Сирија и дека можат да продолжат со нивните терористички активности во Турција. Помирувањето важи во Сирија, и Анкара е место каде што се донесуваат одлуки за мерките за безбедност, кои ќе се спроведуваат од страна на Турција", заклучи Давутоглу.