Diyar Güldoğan
01 Февруари 2018•Ажурирај: 02 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турција бара од Москва испорачување на Михрач Урал, терористот одговорен за смртоносните напади пред пет години, кој беше виден меѓу учесниците на сирискиот конгрес во Сочи, кој се одржа претходно во текот на оваа недела, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние веднаш реагиравме на неговото учество тука и баравме објаснување од Русија. Бараме итно приведување на ова лице и испорачување на Турција“, изјави министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.
Тој истакна дека за терористот била распишана црвена потерница од ИНТЕРПОЛ.
„Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во вчерашниот телефонски разговор со својот руски колега, Владимир Путин, изрази непријатност во врска со присуството на терористот во Сочи, затоа што тој не беше на листата повикани делегати која ѝ беше дадена на Турција“, изјави Чавушоглу.
Земјите-гаранти во сирискиот мировен процес - Русија, Иран и Турција - се сложија да одржат преговори во Сочи. Турција постојано инсистираше на тоа да не биде дозволено присуство на терористи и терористички групи.
„Всушност, името на терористот не беше на листата која Русија ни ја даде нам. Доколку беше на листата, ние однапред би реагирале“, рече Чавушоглу.
Тој нагласи дека терористот Урал влегол во Русија со лажни документи.
„Ова е непријатност за нас“, рече Чавушоглу и додаде дека рускиот претседател Путин ќе се погрижи за ова прашање.
Михрач Урал се товари за неколку напади извршени во мај 2013 година во Рејханли, во турската јужна област Хатај, во кои загинаа 52 лица.
Урал е лидер на ТХКП- Џ (THKP-C).