Emrah Gökmen
01 Февруари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
KИЛИС (АА) - Терористите на ПЈД/ ПККод сириското погранично подрачје на Aфрин го ракетираа центарот на турскиот пограничен град Kилис, во нападот нема жртви, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случил рано утринава, а проектилот погоди и во поголема мера оштети двокатна куќа во Килис.
Турските безбедносни сили преземаа мерки за зголемување на безбедноста во регионот и работат на откривањето на точните координати со цел да одговорат на артилериските напади врз терористичките упоришта од каде што биле испукани проектилите.
Сопственикот на погодената куќа Мехмет Балоглу за АА рече дека го разбудила силна експлозија, но дека во прв момент не сфатил оти е погодена неговата куќа.
„Бог нè спаси. Ова е војна против терористите, нека Бог го сочува нашиот народ и нашата земја“, рече Балоглу.
Турските вооружени сили на 20 јануари ја започна операцијата „Маслинова гранка“, со цел неутрализирање на терористите на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во сириското погранично подрачје на Aфрин.
Оттогаш, терористите од сподрачјата во Сирија постојано вршат напади врз цивилите во турските погранични области на Килис и Хатај.
Во нападите досега загинаа пет цивили, меѓу кои и двајца бегалци од Сирија, а повредени се најмалку 73 луѓе, меѓу кои има и деца.