Турција

Четворица загинати во хеликоптерска несреќа во Туркије

– Двајца пилоти, лекар и медицински работник загинаа при пад на хеликоптер, кој претходно удрил во зграда на болница

Durmuş Genç, Hatice Özdemir Tosun  | 22.12.2024 - Обновена : 22.12.2024
Четворица загинати во хеликоптерска несреќа во Туркије Фото: Дурмуш Генч / АА

МУГЛА (АА) - Четири лица загинаа утрово при пад на хеликоптер на брза помош во југозападна Туркије, известува Анадолу.

Хеликоптерот паднал на отворен простор откако удрил во зграда на болница во турската област Мугла.

Во несреќата загинаа двајца пилоти, лекар и медицински работник, потврди Идрис Албијик, гувернер на областа Мугла.

Албијик соопшти дека хеликоптерот кој летал кон Анталија, според првичните проценки, паднал на отворен простор откако удрил во зграда на болница.

Гувернерот додаде дека во областа каде што се случила несреќата имало магла, а точната причина за падот ќе биде утврдена откако ќе се спроведе истрага.

Пријавени се и оштетувања на надворешноста на зградата на болницата.

На местото на несреќата веднаш се испратени екипи на итната помош, полиција и припадници на АФАД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.