Dzihat Aliju
18 Мај 2017•Ажурирај: 19 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) – Во земјава се вратија учениците од основното училиште „Тефејуз“ во Скопје кои учествуваа на „Меѓународниот рибен фестивал и фестивал на детски игри во Милас“, којшто се одржа во местото Милас во турската област Мугла, јавува Anadolu Agency (AA).
Учениците беа пречекани на аеродромот „Александар Велики“, од страна на нивните семејства. Тие беа возбудени и среќни бидејќи по неколку дена се вратија во своите домови.
Директорот на основното училиште „Тефејуз“, Осман Емин, во изјава за АА истакна дека тие биле поканети во Милас, така што со 13 ученици и еден наставник отпатувале во тој град.
Емин нагласи дека фестивалот на кој учествуваа ученици од повеќе земји, е мошне значаен настан, и истакна дека учениците од „Тефејуз“ заедно со други 5.000 ученици учествувале во играта за вртење вртимушки, со цел да влезат во Гинисовата книга на рекордите.
Емин ја изрази својата благодарност за придонесот на учениците кои учествуваа во оваа игра. „Во Милас бевме убаво пречекани. Нашите ученици имаа можност да ги видат и да се запознаат со крајбрежјето на Егејското Море. Ваквите активности се мост што го поврзуваат Милас со Скопје. Поради тоа, сакам да ја изразам мојата благодарност“, вели Емин.
Како што рече Емин, оваа активност е значајна можност за учениците, и според него, главната цел на овој настан е да се соработува. Тој нагласи дека благодарение на овие активности, учениците имаат можност да посетуваат нови места. Емин истакна дека организирањето на овие настани бара голем труд, и додаде дека тие како училиште во иднина посакуваат да организираат вакви и слични настани.

Од друга страна, Бахадир Ебиби, ученик во осмо одделение, пренесе дека во Милас учествувале во различни игри и имале можност да посетат голем број места. Ебиби вели дека заедно со 5.000 други деца-учесници вртеле вртимушки и влегле во Гинисовата книга на рекордите. „Покрај ова, имавме и прошетки, го видовме морето, отидовме во Бодрум. Останавме 5 дена. Многу ми се допадна, беа многу гостопримливи. Претходно сум бил и во Истанбул и во Бурса. Во Милас ноќевавме во семејства, тие беа многу гостопримливи. Секој ноќеваше во различни семејства“ истакна тој.

Бетуљ Шахин, ученичка во осмо одделение, ја изрази својата благодарност за учеството на фестивалот. Шахин пренесе дека со вртење вртимушки влегле во Гинисовата книга на рекордите, и истакна дека прошетале низ Милас и во неговата околина. Таа вели дека семејствата во кои ноќевале биле многу гостопримливи, а во иднина посакува повторно да учествува на вакви настани.
Инаку, Фестивалот во Милас беше заеднички организиран од страна на регионалната управа на Милас, Дирекцијата за национално образование и Дирекцијата за храна, земјоделство и сточарство, и се одржа помеѓу 12 и 18 мај 2017 година.