Mehmet Tosun
17 Април 2023•Ажурирај: 17 Април 2023
АНКАРА (АА) - Во напад на терористичката организација ПКК/ЈПГ на базите во зоните на операцијата „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“, синоќа се ранети четворица војници, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството за одбрана на Туркије се наведува дека терористичката организација истовремено извршила минофрлачки и ракетен напад во северниот дел на Сирија.
Се додава дека во нападот се ранети четворица турски војници кои се префрлени во болница во турскиот град Килис, град во близина на границата со Сирија.
„Силно возвративме со оган кон терористичките цели“, се вели во соопштението.
ПКК, која е наведена како терористичка организација во Туркије, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, убила повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и постари лица, во период од повеќе од 35 години. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.