Mohamad Misto,Adham Kako
05 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
ДЕИР ЕЗ ЗОР/АНКАРА (AA) - МУХАМЕД МИСТО -
Странските терористи поддржани од Иран кои испратија дополнителни сили од 400 елементи во редовите на Асадовиот режим во Идлиб, пристигнаа со минибуси, со цел да не бидат таргетирани од турските вооружени беспилотни летала (СИХА), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локалните извори, групи поддржани од Иран кои се мрачна сила на Асадовиот режим врз кој Турските вооружени сили (ТСК) зададоа тежок удар, пред неколку дена 400 свои елементи преку Ирак ги испратија во сириското подрачје на Деир ез Зор, со цел зајакнување на своите редови.
Терористичките елементи, под командата на војската на Иранската револуционерна гарда, кои својата воена обука ја завршиле во Иран, вчера од Деир ез Зор беа упатени кон линиите на фронтот во Идлиб.
Изворите нагласија дека овие терористички елементи, наместо со воени возила, со минибуси биле испратени на линијата во Серакиб во јужниот дел на Идлиб, со цел да не бидат таргетирани од страна на СИХА на Турција.
Од друга страна, странските терористички групи поддржани од Иран, исто така минатиот месец во Идлиб испратија уште над 400 странски терористи.
Странските терористички групи поддржани од Иран најинтензивно присуство покажуваат во Деир ез Зор кој се наоѓа на границата со Ирак.
Терористичките групи со потекло од Иран, Ирак, Либан, Авганистан и Пакистан се командувани од страна на припадниците на Иранската револуционерна гарда.