Oktaj Omeragikj
28 Февруари 2025•Ажурирај: 01 Март 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан се сретна со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, известува Анадолу.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Муцунски, е дел од делегацијата којашто го придружува премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски во официјална посета на Туркије.
Во рамки на делегациските средби, Фидан и Муцунски се сретнаа во Кабинетот на претседателската палатата Долмабахче во Истанбул.