Kenan Irtak
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Јато разиграни делфини во Босфорот утринава пријатно ги изненадија рибарите и туристите во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Товарните и воените бродови, како и помалите бродчиња со редовни линии кои ги поврзуваат двата истанбулски брега на Босфорот се честа глетка во тивките води на Босфорот, но денес локалните жители и туристите имаа посебна атмосфера гледајќи јато делфини кои поминуваат низ каналот.
Новинарот на АА јавува дека околу пладне јато делфини се забележани во близина на брегот во местото Тарабија и дека получасовното скокање на делфините го гледаа стотици мештани, рибари и туристи.
Делфините по получасовната претстава се оддалечија од брегот и се изгубија во синилото на Босфор.