Aybala Arpacı
12 Септември 2016•Ажурирај: 13 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, во врска со 48-часовното примирје во Сирија што ќе стапи на сила вечерва, упати покана за воспоставување долготрајно примирје во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим клањаше бајрам-намаз во џамијата Татбикат, во истанбулскиот кварт Ускудар, а по намазот упати бајрамска честитка до жителите на Турција и муслиманите во целиот свет. Премиерот Јилдирим изрази желба бајрамските денови да направат единството, заедништвото и братството на тускиот народ да бидат вечни.
„Деновите на бајрамот се посебни денови во кои братствата и пријателствата го доживуваат врвот, а неслогата се завршува. Се наоѓаме во еден таков ден“, рече Јилдирим.
Тој се осврна и на најавеното 48-часовно примирје во Сирија, кое треба да стапи на сила вечерва.
„Ве повикувам како премиер на Република Турција. Сметаме дека е доста. Полни шест години, уште колку луѓе треба да умрат? Дојдете ова примирје да го направиме долгорочно и да изградиме метод на управување во Сирија што ќе ги претставува сите групи, сите месхеби, и во кој ќе бидат застапени сите етнички групи, метод што нема да го нарушува територијалниот интегритет на Сирија, туку кој тоа ќе го обезбеди“, порача Јилдирим.