Балкан

МЗЗПР: Еден работник неделно гине на работно место

Според извештаите на Македонско здружение на заштита при работа, еден работник неделно гине на работно место, додека 39 случаи завршиле со фатален исход во вкупно 144 несреќни случаи при работа во 2015 година

Haris Suleyman  | 25.01.2017 - Обновена : 26.01.2017
МЗЗПР: Еден работник неделно гине на работно место

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во соработка со Сојузот на Синдикатите на Македонија во рамките на проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно човеково право“ одржа крос секторска дебата насловена „Унапредување на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите за креирање на безбедн и здрави работни места“, јавува Anadolu Agency (АА).

Според извештаите на Македонско здружение на заштита при работа, еден работник неделно гине на работно место, додека 39 случаи завршиле со фатален исход во вкупно 144 несреќни случаи при работа во 2015 година, a 5-6 вработени загинуваат на секои 100.000 вработени.

Претседателот на Македонското здружение за заштита при работа Милан Петковски истакна дека треба да се направи еден осврт и да се види какво е влијанието на Законот за безбедност и здравје при работа, откако од неговото донесување поминаа десет години.

„Особено сметаме дека овие работи се битни бидејќи голем дел од прашањата кои со поврзани со безбедноста и здравјето при работа се решливи на лице место и тоа со малку ресусрси и малку средства, отколку тие да се ставаат под 'чергиче' и да се кумулираат, и во одреден момент да прераснат во несреќа на работното место“, изјави Петковски.

Според претседателот на Сојуз на Синдикатите на Македонија Живко Митревски, кампањата во делот на измени и дополнувања на Законот за безбедност и здравје при работа во 2014 година резултираше со измени кои ја поврзаа и зајакнаа контролната позиција на претседателот на синдикатот и на синдикалните организации генерално во претпријатието.

„На крајот на краиштата ништо не може да биде реализирано ако сите заеднички социјални партнери а посебно на основното ниво, на локално ниво не се фокусираат во делот на спроведување и имплементриање на измените на овој закон“, рече Митревски и додаде дека и оваа јавна дебата се фокусира во остварувањето на овие измени и дополнувања Законот за безбедност и здравје при работа и кои се активностите што треба да се направат во текот на овој период.

На дебатата присутни беа организации на цивилното општество, работодавачи, синдикални организации, организации за образование, медиуми, претставници на релевантните сектори и други претставници од истата област.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.