живот

Продолжува помошта од Турција за настраданите во скопските поплави

Претседателството за управување со вонредни состојби и кризи (АФАД) донираше помош за настраданите во поплавите што го зафатија Скопје и околината во месец август

Dzihat Aliju  | 13.10.2016 - Обновена : 13.10.2016
Продолжува помошта од Турција за настраданите во скопските поплави (Vedat Abdul - Anadolu Agency)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Претседателството за управување со вонредни состојби и кризи (АФАД) донираше помош за настраданите во поплавите што го зафатија Скопје и околината во месец август, а во кои животот го загубија 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

На настанот на предавање на помошта присуствуваа заменик-претседателот на АФАД, Хамза Ташделен, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, главниот советник за трговски односи при турската амбасада во Скопје, Бунјамин Кутлу, претставници од невладини организации, како и настрадани од поплавите.

Заменик-претседателот на АФАД, Ташделен, во изјавата за медиумите рече дека е горд поради посетата на пријателската и братска Македонија и за донирањето помош на оние на кои им е потребна.

Нагласувајќи дека стотици години човекот не може да најде решение за природните катастрофи, Ташделен изјави: „Во ваквите случаи, потребна е солидарност меѓу државите. Во таа насока, во позиција сме да бидеме покрај нашите браќа од Македонија, кои се соочуваат со оваа природна катастрофа. Тука сме уште од првиот ден, заедно со Турската црвена полумесечина, општина Истанбул и општина Бурса, за да ја надминеме оваа катастрофа“.

Ташделен рече дека ќе останат тука сѐ додека не зараснат раните на настраданите: „Помошта, што ја дониравме во Македонија надминува 900 илјади евра. Оваа акција ќе продолжи. Денес ќе им поделиме бела техника на настраданите“.

Истакнувајќи дека Турција е држава што се обидува со хуманитарна помош да му подаде рака на целиот свет, не правејќи дискриминација по основа на вера и јазик, Ташделен рече дека во периодот што следи, Турција ќе им даде помош на настраданите во сите држави.

Градоначалникот на Чаир, Меџити, изразувајќи ја својата благодарност до Турција и до турските институции за нивната помош и поддршка, рече дека посакува оваа убава соработка да продолжи и во иднина.

Во рамките на оваа акција, на настраданите ќе им бидат донирани 500 сетови за кујна и 500 машини за перење алишта.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın