култура и уметност

Во Скопје доделена наградата „Вавилон“ за најдобар млад преведувач

Целта на конкурсот за најдобар млад преведувач е да се поттикне одличен квалитет во преводот на литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјата

Besar Ademi  | 26.09.2016 - Обновена : 27.09.2016
Во Скопје доделена наградата „Вавилон“ за најдобар млад преведувач

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - По повод 26 септември – Европскиот ден на јазиците, во организација на Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Скопје и Здружението на преведувачи МАТА, во просториите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ беа доделени наградите од третиот конкурс за најдобар млад преведувач „Вавилон“, за 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Целта на конкурсот за најдобар млад преведувач е да се поттикне одличен квалитет во преводот на литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјата.

Амбасадорот на ЕУ во земјата, Самуел Жбогар, кој им ги додели наградите на победниците, рече дека преку наградата „Вавилон“, ЕУ ги охрабрува многуте млади преведувачи да се вклучат во преведувањето на литературни дела од официјалните јазици на Европа. Како што рече тој, тоа помага да се донесе европската култура во Македонија.

„Европската Унија вложува големи напори во насока на јазичното застапување. Признавањето на јазичната разновидност е принцип за изградба на мост на културата, и е клучен елемент за остварување на меѓукултурното разбирање“, изјави Жбогар.

Заменик-претседателот на Здружението на преведувачи МАТА, Огнена Никуљски, рече дека преку овој конкурс им се помага на младите кои сакаат да ја збогатат културата преку преведување на писма.

„Преведувањето е порта преку која доаѓаат цивилизациските вредности на човештвото и им овозможува креативни активности за збогатување и утврдување на јазикот на кој се преведуваат делата“, рече Никуљски.

Прва награда ѝ беше доделена на Даниела Здравковска, за превод од италијански на македонски јазик, и на Јусуф Санберг, од англиски на турски јазик. Втора награда им беше доделена на Марија Коцевска и Ана Димевска за превод од француски на македонски јазик, а трета награда ѝ беше доделена на Елена Кркулева за превод од италијански на македонски јазик.

На овој настан исто така беше објавен и конкурсот „Вавилон“ за 2017 година, за најдобар млад преведувач, за кој рокот за учество е 3 април 2017.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.