Путин во понеделик ќе ја посети Анкара
Путин на 11-ти декември, во понеделник, ќе ја посети Анкара, каде што ќе се разговора околу билатерални и регионални теми

Ankara
АНКАРА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, на 11 декември, во понеделник, ќе допатува во посета на турскиот главен град Анкара, на покана на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Заемник генералниот секретар, а воедно и портпарол на Турското претседателство, Ибрахим Калин соопшти дека Путин на 11 декември ќе ја посети Турција по поканата на претседателот на Турција, Ердоган.
За време на средбите меѓу Ердоган и Путин кои ќе се одржат во Анкара, покрај билатералните односи меѓу двете земји, се предвидува дека ќе се разговара и околу последните случувања, последната сосотјба во Сирија, како и за регионалните и меѓународните прашања.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.