Џамијата „Селимија“ - Едно од најголемите дела на Мимар Синан
Џамијата била изградена по наредба на султан Селим II, во периодот 1568-1575 година
Edrene
ЕДРЕНЕ (AA) – Минатата година, едно од најголемите дела на архитектот Мимар Синан, џамијата „Селимија“, сместена во турскиот град Едрене, беше посетена од 1,5 милиони луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Управата за култура и туризам во Едрене, Ахмет Хаџиоглу, за АА кажува дека „Селимија“ има нешто што ги привлекува луѓето.
Според него, зголемениот број туристи во последно време се должи на неколку фактори.
„Првенствено се работи за промоцијата на ‘Селимија’ и Едирне, а откако е ставена на листата на УНЕСКО, ‘Селимија’ ја посетуваат луѓе од сите краеви на светот”, истакна Хаџиоглу.
Тој смета дека е потребно луѓето да го видат делото според кое е познат Мимар Синан, да видат како рацете на генијалецот го претвориле каменот во величествено дело.
„Покрај посетителите од Турција, кои ја посетуваат ‘Селимија’ во рамките на верскиот туризам, ова величенствено дело доаѓаат да го посетат и луѓе од Индија, Јапoнија и од Кина. Минатата година ‘Селимија’ ја посетиле 1,5 милиони луѓе” додаде Хаџиоглу.
Тој истакна дека оваа година ќе започне реставрација на џамијата, но и покрај тоа, таа ќе биде отворена за молитва и посета.
Џамијата била изградена по наредба на султан Селим II, во периодот 1568-1575 година. „Селимија“ е позната по архитектурата и според начинот на кој е украсена.
Деталите кои поради многуте архитектонски техники своевремено биле невозможни за изработка, денес се симбол на една од најголемите градби од османлискиот период.