архива

Структурирањето на ФЕТО на Балканот

Покрај своето влијание на полето на образованието, туризмот, медиумите и во издаваштвото, организацијата го привлекува вниманието и со своето постоење и во јавните државни институции.

Ekip  | 28.07.2016 - Обновена : 04.11.2019
 Структурирањето на ФЕТО на Балканот

Ankara

АНКАРА (AA) – Почнувајќи од Албанија и Босна и Херцеговина, во голем број земји од Западен Балкан терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетулах Ѓулен, остварува свои активности преку институциите и фирмите кои ѝ се блиски. Таа се обидува да навлезе и во јавните институции.

Во земјите во кои се наоѓа, организацијата ФЕТО своите активности во почетокот ги остварува на полето на образованието и за таа цел отворени се 15 училишта во Босна, 12 во Албанија, 7 во Македонија, 5 во Косово и 1 во Србија.

Институциите и фирмите за кои се знае дека имаат соработка со организацијата ФЕТО, своите активности ги остваруваат почнувајќи од образованието до туризмот, од медиумите до издавачките куќи, во различни сфери од Западен Балкан, продолжувајќи да го покажуват своето присуство и во јавните институции на овие земји.

- Македонија

Во Македонија, во различни сектори има структури поврзани со терористичката организација ФЕТО. Во различни градови на земјата, фирмите поврзани со ФЕТО од областите на образованието, транспортот, трговијата, здравството и туризмот покажуваат активност.

Основното и средното училиште „Јахја Кемал“ со седиште во Скопје, покажува активност и во Тетово, Гостивар, Струга и во Струмица.

Во областа на медиумите, пак, пример е весникот „Заман Македонија“, кој во земјата се објавува како неделен весник. Исто така, ФЕТО организира курсеви за јазици преку организацијата „Седеф“.

Во областа на туризмот работи преку туристичката агенција „Башак“, потоа компанијата за транспорт „Реинбоу“ (Rainbow) и ланецот од маркети ЕВАР. Тие се наоѓаат во Скопје и се поврзани со организацијата ФЕТО.

Еснафот и деловните луѓе на организацијата во Македонија спроведуваат свои активности во организацијата „Здружение на бизнисмени“ (Makedonya İş Adamları Birliği - MİBA). Фондациите „Шафак“ (Şafak) и „Толеранс“ (Tolerans) се одговорни за работењето на студентските интернати во земјата, но се знае и дека организацијата има интернати во Скопје, како и во голем број градови низ земјата.

Организацијата во Македонија исто така поседува и интернет-сајт за развивање на мислата – „analyticmk.org“. Овој интернет-сајт претставува извор на идеи и стратегии.

Од друга страна, организацијата во своите први години од постоењето во Македонија собирала пари за зеќат (бериќет), за садака (пари за сиромашни) и за курбан (делење месо за сиромашните за време на празникот Курбан Бајрам) и со собраните пари отворила невладини организации и училилишта, со што придонесува за создавање забуна меѓу народот, бидејќи собира пари надвор од рамките на Исламската верска заедница.

- Албанија

Албанија е земја во која се забележува најголемото влијаните на ФЕТО на Балканот. Организацијата што своите активност во Албанија ги започна во 1993 година преку Фондацијата „Ѓулистан“, привлекува внимание со образовните институции во земјата.

Организацијата продолжува со своите активности раководејќи со основните и средни училишта „Мехмет Акиф“ и „Тургут Озал“ во главниот град Тирана, потоа „Хасан Риза Паша“ во Скадар и „Тургут Озал“ во Драч.

Со отворањето на средното училиште „Меморијал интернешнал скул Тирана“, во кое се школуваат децата на бизнисмените и политичарите плаќајќи високи школарини, организацијата исто така, на овој начин ги зема под влијание и овие лица.

Организацијата има свое влијание и на полето на високото образование, раководејќи со универзитетите „ЕПОКА“ и „Бедир“. Се истакнува дека овие универзитети се главен финансиски извор на организацијата.

Организацијата своето влијание на полето на верското образование го остварува преку Фондацијата „Сема“, која е основана во 1994 година, преземајќи ги медресите (училиштата за веронаука) под свое раководство во Каваја, Корча, Берат, Елбасан и во Тирана. Тие претходно биле бесплатни, но со воведувањето школарина станале нов финансиски извор на организацијата. „Школувајќи“ ги албанските ученици во Турција, по нивното враќање во државата организацијата успеала да ги постави во Исламската заедница и на тој начин успеала да ја земе под своја контрола, така што влијаела на изборот на несоодветна личност за претседател, лице кое не е теолог.

Организацијата ФЕТО, посакувајќи како во Турција, и во Албанија да го пренесе својот систем на училишта за курсеви (дерсане), во овој контекст, почнувајќи од курсевите за странски јазици во Тирана, таа извршува многу активности.

Освен курсевите, организацијата раководи и со претшколската установа (градинка) „Меридијен“, која е една од најскапите претшколски установи во државата. На полето на невладините организации, во Албанија организацијата го формираше здружението „Нови хоризонти“ (Horizantet e Reja), преку кое на своите ученици им помага да најдат работа, да стапат во брак и го помага нивно структурирање во организацијата.

Здружението во исто време, повикувајќи се на давање услуги, собира пари за годишна членарина и пари за курбан. На полето на туризмот во Албанија, организацијата своите активности ги спроведуваше преку туристичката агенција „Венус Травел“, која беше затворена пред две години и овие активности продолжи да ги извршува преку „доверливите“ луѓе во рамките на организацијата.

Една од од најважните структури на организацијата е Комората на меѓународна трговија и развој (ACİTAD). Организацијата преку оваа институција добива материјална поддршка од фирмите што доаѓаат во Албанија.

Организацијата ФЕТО и на полето на медиумите се обидува да воспостави контрола преку свои луѓе вметнати во медиумите. Организацијата којашто на некои државни универзитети под своја контрола ги има факултетите за новинарство, највлијателните личности од државните универзитети ги вработува во сопствените приватни универзитети, со што успева да доминира во медиумите.

Првиот интернет-весник во Албанија е „Газета старт“, кој излегува во преден план како еден од најважните медиумски органи на организацијата. Претходно споменатиот весник, по настаните од 17-25 декември минатата година го привлече вниманието кон себе со текстови против Турција. Овој интернет-весник, од непознати причини беше затворен од страна на организацијата, но лицата од останатите медиуми ја продолжија својата пропаганда против Турција.

Од друга страна, весникот „Дрита исљаме“ (Исламска светлина) на Исламската заедница, одвреме-навреме продолжува со пропагандата на организацијата. Исто така во Албанија се продаваат книгите напишани од Ѓулен, преведени на локалниот јазик.

Издавачките активности на организацијата во оваа држава ги извршува издавачката куќа „Призми“. Во Албанија, во која влијанието на Ѓулен може да се почувствува на повеќе полиња, отворена е и интернет-страницата "fgulen.com/al". Преку оваа интернет-страница се објавуваат текстови на Ѓулен и повикува на неделни состаноци.

- Косово

Организацијата свое влијание има и во Косово. Во таа држава своите активности ги спроведува преку образовната институција „Ѓулистан“ и преку Фондацијата за образование и култура „Атмосфера“. Организацијата во Призрен, Ѓаковица, Липљан и во Приштина раководи со градинки, основни и средни училишта „Мехмет Акиф“.

Во рамките на некои од училиштата, кои за првпат беа отворени во 2000 година, има машки и женски интернат. Од друга страна, во рамките на Фондацијата за образование и култура „Атмосфера“, покрај гимназијата „Хасан Нахи“, има и многу центри за курсеви и ученички интернати.

- Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина е една од земјите на Балканот во која терористичката организацијата ФЕТО, која го изведе обидот за пуч во Турција, има големо влијание.

Дури и да ја негирааат својата поврзаност со организацијата ФЕТО, образовната институција „Сема“ во Босна, преку познатите „училишта на џематот“, уште од 1998 година спроведува образовни активности низ целата земја.

Институцијата за која се знае дека е блиска со организацијата ФЕТО, раководи со 4 претшколски установи, 5 основни училишта, 5 средни училишта и 1 универзитет во Босна и Херцеговина.

Освен во главниот град Сараево, организацијата има свои училишта и во Бихаќ, Мостар, Зеница и во Тузла. Меѓународниот универзитет Бурч (International Burch University), кој е во рамките на Босна Сема исто така е еден важен финансиски извор. Во оглед на влијанието што го има врз студентите кои своите студии ги завршиле овде, ова институција има важна улога во структурата на организацијата ФЕТО.

Во еден подолг период, на полето на туризмот во Босна и Херцеговина, организацијата спроведува свои активности преку најпознатата туристичка агенција во државата, „Фидан Турс“.

Организацијата преку споменатата туристичка агениција продолжува да носи туристи од Турција во Босна и Херцеговина, исто така и јавните службеници кои сака да ги земе под своја контрола од Босна и Херцеговина ги носи во Турција како туристи.

На полето од медиумите, организацијата има свое влијание врз весникот „Ново вријеме“, кој претходно се печатеше еднаш неделно, а пред извесен период започна да излегува само со свое интернет-издание.

Преку издавачката куќа „Хикмет“ во Босна и Херцеговина, организацијата ги преведува на босански јазик книгите на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен, и продолжува да ги продава низ земјата.

Се знае дека организацијата повеќе од 20 години спроведува свои активности во Босна и Херцеговина и влијае на државната политика, институциите, невладините организации и на Исламската заедница.

-Србија

Во главниот град на Србија, во Белград, се наоѓа основното училиште „Бејза”, за кое е позната блискоста со Организацијата ФЕТО, додека во Нови Сад има центар за јазик и култура кој истовремено дава услуги на интернат. Во Нови Пазар, ФЕТО има здруженија „Мост“ и „Хоризонт“.

- Црна Гора е една од земјите во кои, во споредба со другите земји организацијата е помалку влијателна. Во главниот град Подгорица има курс за јазици, исто така раководи мал ученички интернат во градот Рожаје, каде што мнозинството од населението се муслимани. Организацијата ФЕТО која се обидувала да се инфилтрира и во Исламската заедница на Црна Гора, со навремена и мудра интервенција на областените лица не успеала да ја постигне оваа цел.

- Заклучок

Организацијата ФЕТО која ги експлоатира верските и човечките чувства на луѓето, и во областа на Западен Балкан почна со истиот систем. Низа години институциите на организацијата ја користат симпатијата кон Турција на балканскиот народ што живее во земјите од регионот и на тој начин постигна значителни можности.

По настаните од 17 до 25 декември минатата година, организацијата буквално го смени својот изглед, со навлегување во различни сектори, не делувајќи како институција, туку индивидуално, и започна да вложува во „доверливи“ поединци . Исто така, своите регионални раководители ги распредели во други држави.

Од друга страна, претходните раководители во организацијата кои беа турски државјани, своите места им ги препуштија на претходно едуцирани лица од локалното население и се повлекоа во втор план.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın