Турција

Турција планира изградба на седум нови аеродроми

Се планира на мрежата на аеродроми во оваа земја, која има 55 активни аеродроми, да бидат додадени уште седум

Arife Yıldız Ünal  | 23.11.2016 - Обновена : 24.11.2016
 Турција планира изградба на седум нови аеродроми

Ankara

АНКАРА (АА) - Во рамките на проектот за изградба на аеродроми на секои стотина километри, Турција во наредниот период планира да изгради седум нови аеродроми, и тоа на релации Joзгат, Ризе-Артвин, Бајбурт-Ѓумушане (во местото Салјази), Нигде-Аксарај, Караман, Измир (Алчати) и во Западна Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците на турското Министерство за комуникации, поморство и транспорт, од 2003 година до денес, преземени се значајни чекори во развивање на секторот авијација.

Со проектите реализирани во соработка на приватниот и јавниот сектор, отворен е пат за компаниите од областа на цивилната авијација во приватниот сектор. Трошоците за патувања се пониски, а со тоа и патувањето со авион стана подостапно за корисниците.

Се планира на мрежата на аеродроми во оваа земја, која има 55 активни аеродроми, да бидат додадени уште седум.

Целта е до 2023 година, патниците што сакаат да патуваат со авион како превозно средство, да можат да дојдат до аеродромот преминувајќи далечина од најмногу стотина километри.

Бројот на авиони со широк труп во Турција е зголемен од 162 во 2003 година, на 540. Исто така, бројот на патниците во 2016 година изнесуваше 181,5 милиони, што е шестпати повеќе во однос на 2003 година.

Освен тоа, зголемен е бројот на земјите со кои Турција соработува на полето на авијацијата и сега изнесува 167.

Во 2003 година, две авиокомпании патниците од Турција ги пренесуваа на 60 дестинации. Според податоците од октомври 2016 година, во Турција услуги нудат шест авиокомпании, кои патниците ги пренесуваат на 283 дестинации во 116 земји.

На развојот на авијацијата со сигурност ќе придонесе и новиот, трет аеродром во Истанбул, со годишен капацитет од 90 милиони патници, а неговата прва етапа би требало да биде во функција во првиот квартал од 2018 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın