свет

Амстердам: На плоштадите поставени бетонски блокови против терористички напади

Општина Амстердам вчеравечер постави бетонски блокови на некои плоштади, како плоштадот Дам, кој е често посетуван од страна на туристите

Abdullah Aşıran  | 09.11.2017 - Обновена : 10.11.2017
Амстердам: На плоштадите поставени бетонски блокови против терористички напади

Amsterdam

АМСТЕРДАМ (АА) - На плоштадите во холандскиот главен град, Амстердам, поставени се бетонски блокови во рамите на мерките против можни терористички напади, јавува Anadolu Agency (AA).

Општина Амстердам вчеравечер постави бетонски блокови на некои плоштади, како плоштадот Дам, кој е често посетуван од страна на туристите.

Општината постави 96 бетонски блокови со тежина од половина тон, кои можат да се користат и за седење.

Холандски државни железници (НД) во рамките на безбедносните мерки минатиот месец постави бетонски блокови на влезовите и излезите на Централната железничка станица на Амстердам.

Од 2004 година досега, стотици лица го загубија својот живот во терористички напади во различни европски земји. 






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın