свет

Кина: Во последните три месеци од птичји грип починаа 106 луѓе

Кинески официјални претставници изјавија дека од декември, со вирусот на птичји грип се заразиле 359 лица во оваа земја

Fuat Kabakçı  | 17.02.2017 - Обновена : 17.02.2017
Кина: Во последните три месеци од птичји грип починаа 106 луѓе

Beijing

ПЕКИНГ (АА) - Како последица од птичјиот грип Х7Н9, во декември, во Кина починаа 106 од 359 заразени луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).

Кинескиот Национален комитет за здравство и за планирање на семејство соопшти дека голем број пациенти кои се заболени од вирусот примаат терапија.

Комитетот соопшти дека во јануари починале 20 лица, во јануари 79, а во февруари седуммина пациенти.

Болеста главно е забележана во провинциите Сечуан, Хунан и Жеџијанг.

Експертите велат дека луѓето можат да се заразат со вирусот, но дека не е можно вирусот да се пренесе од човек на човек.

И покрај тоа што се преземени различни мерки во областите каде што е забележан вирусот на птичји грип, до ширење на вирусот доаѓа најчесто во зимските и во пролетните месеци.

Вирусот Х7Н9 во Кина за првпат се појави во март 2013 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın